Согласно Законот за Централен регистар (Сл. Весник бр. 50/2001, 49/2003, 109/2005, 88/2008, 35/2011), податоците запишани во регистрите кои ги води Централниот регистар може да ги користат сите домашни и странски физички и правни лица, во вид на информација или во друга форма.
Системот за издавање на Е-потврди служи за олеснување на пристапот до податоците со кои располага Централниот регистар за бизнис заедницата. Истиот овозможува побарување и испорачување на информациите од соодветните регистри кои што, во согласност со законските решенија, служат за остварување на права или легитимирање при почнување на административни постапки пред други државни органи, во дигитална форма, заверени од страна на Централниот регистар со електронски потпис.
Дополнително, системот овозможува нарачка и плаќање на документите по електронски пат, а нивно подигнување во хартиена форма, на шалтерите на Централниот регистар.
Начин на преземање на потврдите:
- во дигитална форма, електронски потпишани од Централниот регистар
- во хартиена форма, од избраната канцеларија на Централниот регистар