Централен регистар е институција формирана со Законот за Централен регистар. Претставува централна информативна база на правни и на друг вид соодветни податоци што се внесуваат во него. Податоците што се внесуваат во ЦР електронски се обработуваат, обединуваат, селектираат, чуваат и се прават достапни до заинтересираните корисници.
Моментно функционираат 27 канцеларии – 12 регионални и 15 регистрациони канцеларии, распоредени во сите поголеми градови во Република Северна Македонија, кои се поврзани со IPVPN (виртуелна приватна мрежа базирана на интернет-протокол) што овозможува лесен пристап до податоците за сите заинтересирани корисници на целата територија на Република Северна Македонија.
Мисија на ЦРРМ е да ги прошири и развие своите бази со дополнителни податоци (формирање нови основни регистри и постојано унапредување на постојните) со што ЦРРМ ќе стане единствена централна информативна база на правни и на друг вид соодветни податоци, значаен учесник во креирањето на подобра деловна клима во републиката, промотор на странски инвестиции и општествено одговорна институција, а со самото тоа директно ќе влијае на развојот на националната економија.
Точна и навремена информација – пат кон подобра деловна клима!
Со цел да го овозможиме најдоброто корисничко искуство и да обезбедиме најдобра и најквалитетна услуга дефиниравме стратегиска определба за достигнување успешни резултати, здобивање доверба кај корисниците и градење стабилна врска со нив. Континуираното унапредување на нашата работа го постигнуваме преку реализација на Развојната стратегија на Централен регистар на Република Македонија за периодот 2023 - 2027 година, како и преку спроведувањето на годишниот План за работа на Централен регистар за 2025 година и следењето на Кодексот за административни службеници.
Финансиски план на Централен регистар за 2023 година