Преглед на избришани трговци поединци и трговски друштва согласно член 552а од Законот за трговски друштва
Централниот регистар на Република Северна Македонија согласно став 5 од член 552-а од Законот за трговските друштва, (Службен весник на Република Македонија бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015, 6/2016, 64/18 и 120/18), секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои согласно со овој член се избришани од трговскиот регистар во текот на претходниот месец, врз основа на кој надлежните органи и институциите постапуваат во рамките на нивните надлежности.Постапката за бришење на трговците поединци и трговските друштва е спроведена согласно член 552-а од причини определени во член 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2018 година до Централниот регистар на Република Северна Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2017 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Северна Македонија за извршен упис на основање согласно со членот 175 од овој закон не го внесе/уплати основачкиот влог. Согласно истиот член 552а во врска со член 477 став 13, член 477а ,постапка за бришење е спроведена и за субјектите за кои Управата за јавни приходи со Решение утврдила неактивност три години по ред.
Истовремено се повикуваат содружниците, односно акционерите на бришаните друштва да го распределат имотот на друштвото меѓу себе согласно со ставот (4) на член 552-а од Законот за трговските друштва.
Преглед на субјекти избришани согласно член 552а, член 477 став 13 и член 477а од ЗТД - во месец Јануари 2020 година
Преглед на субјекти избришани согласно член 552а и 552б од ЗТД - во месец Февруари 2020 година
Преглед на субјекти избришани согласно член 552а и 552б од ЗТД - во месец Март 2020 година
Преглед на субјекти избришани согласно член 552а, член 477 став 13 и член 477а од ЗТД - во месец Март 2020 година
Преглед на субјекти избришани согласно член 552а, член 477 став 13 и член 477а од ЗТД - во месец Јуни 2020 година