Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за национална безбедност и Централниот регистар на Република Северна Македонија

На 02 декември 2020 година, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и директорката на Централниот регистар на Република Северна Македонија Марија Бошковка Јанковски, во седиштето на Агенцијата за национална безбедност потпишаа Меморандум за соработка.  

Со Меморандумот се уредуваат односите помеѓу двете страни потписнички, при прибавување на податоци, со цел откривање и спречување на активности поврзани со безбедносните закани и ризици за националната безбедност на државата.  Меѓусебната соработка ја опфаќа размената на податоци и информации кои се водат во регистрите на давателот на податоци и корисникот на податоци, со цел унапредување и развој на соработката  и поефикасно и поефективно остварување на законските  надлежности на двете институции.