ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ ЗА КОИ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ВО ПОСТАПКА СОГЛАСНО ЧЛЕН 477 а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА, СО РЕШЕНИЕ УТВРДИЛА СТАТУС НА НЕКТИВЕН СУБЈЕКТ ТРИ ГОДИНИ ПО РЕД

СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ ЗА КОИ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ВО ПОСТАПКА СОГЛАСНО ЧЛЕН 477 а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА, СО РЕШЕНИЕ УТВРДИЛА СТАТУС НА НЕКТИВЕН СУБЈЕКТ ТРИ ГОДИНИ ПО РЕД

 Централниот регистар на Република Северна Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва (Сл. Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16,64/18, 120/18) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Северна Македонија спроведува постапка за бришење согласно  член 477 и 552а од истиот Закон, од причина што Управата за јавни приходи со Решение утврдила статус неактивен три години по ред.(статус неактивен за 2015, 2016 и 2017 година)

 Преглед на субјекти

 Датум на објава 2 Април 2020 година

 Времетраење на објавата на Соопштението до 2 Април 2021 година

 Централниот регистар на Република Северна Македонија истовремено ги повикува законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение, да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Северна Македонија.

 Доколку во рокот од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение Централниот регистар на Република Северна Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Доколку за субјектите од списокот за кои е евидентирано писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, и во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Централен Регистар на Република Северна Македонија