Преземање податоци за инфраструктурни објекти и броеви од Адресен регистар

Оваа услуга овозможува секоја заинтересирана страна да изврши пребарување, преглед  и преземање во дигитален формат на адресните податоци за конкретна општина. Податоците се преземаат од Адресниот регистар, врз основа на уписите доставени од општините и Град Скопје.

Општините и Град Скопје ажурирање на електронската евиденција ја вршат тековно. Секоја промена во електронскиот Адресен регистар извршена во ЦРРСМ се доставува во електронска форма и до Министерството за Внатрешни Работи, Државен завод за статистика и Агенција за катастар на недвижности во рок од три дена од денот на извршениот упис.

Напомена: Не се достапни податоци за општините кои не извршиле иницијален пренос на адресните податоци за населените места во базата на податоци во ЦРРСМ.