Листинг од обработена годишна сметка и готовински текови може да се издаде за трговски друштва, кои имаат поднесено и одобрено годишна сметка до Централниот регистар на РСМ. Содржи преглед на податоци од годишната сметка (биланс на состојба и биланс на успех), како и податоци за паричните средства на друштвото на почетокот и на крајот на пресметковната година, за период од две години.