Напомена: Овие инструкции се наменети за обични корисници и претставници на субјектите. Доколку сте Регистрационен агент, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Бришење и скратена ликвидација (инструкции за Регистрационен агент)“.
Оваа услуга подразбира затворање / бришење на правно лице во Трговскиот регистар и Регистарот на Други Правни Лица преку постапка на директно бришење на правното лице или преку изведување на скратена постапка за ликвидација, во случај кога правното лице и неговиот законски застапник ја изведуваат постапката самостојно (без посредство на Регистрационен агент). За информации во случај на користење на Регистрационен агент при директно бришење или скратена постапка на ликвидација, погледнете ја услугата за „Бришење и скратена ликвидација преку Регистрационен агент“.
Типовите на правни лица кои може да подлежат на директно бришење или на скратена постапка за ликвидација се прикажани во следната табела:
Тип на правно лице | Постапка | Можни начини на поднесување |
---|---|---|
Трговец поединец (ТП) | Бришење | Самостојно електронски, или преку Регистрационен агент. Не постои можност за поднесување во хартиена форма. |
Претставништво | Бришење | Самостојно електронски, или преку Регистрационен агент. Не постои можност за поднесување во хартиена форма. |
Здружение | Ликвидација во фази, ИЛИ Скратена постапка на ликвидација | Самостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно. |
Фондација | Ликвидација во фази, ИЛИ Скратена постапка на ликвидација | Самостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно. |
Организационен облик на странска организација (Подружница на странска организација) | Ликвидација во фази, ИЛИ Скратена постапка на ликвидација | Самостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно. |
Заедница на сопственици | Бришење | Самостојно во хартиена форма. Поднесување електронски или преку Регистрационен агент не е возможно. |
Други субјекти уредени со посебни прописи | Во зависност од типот на субјект и основниот регистар за тој субјект | Самостојно во хартиена форма. Поднесување електронски или преку Регистрационен агент не е возможно. |
За целосен преглед на кои постапки на ликвидација, односно бришење се возможни за различните типови на правни лица, погледнете ги одговорите во секцијата за Често Поставувани Прашања подолу во податоците за оваа услуга.
За можноста за ликвидација во фази на правно лице, прегледајте ги услугите:
Овие услуги се достапни само за типови на правни лица за кои законската регулатива овозможува ваков начин на престанок.
Престанок на правно лице може да се случи и како резултат на:
Преку понатамошна системска размена на податоци, секоја промена на податоците во ЦРРСМ се евидентира и во:
За електронско поднесување, сите учесници во постапката треба да поседуваат дигитален сертификат. Комплетна листа на издавачи на дигитални сертификати прифатливи за ЦРРСМ може да прегледате на следната локација.
За повеќе информации за најчестите типови на субјекти и начинот на поднесување за бришење или скратена постапка на ликвидација, подолу одберете го типот на субјект за кој сте заинтересирани. Дополнително Централниот Регистар врши упис и на други правни лица. Ова ги вклучува:
Следниот образец може да се користи за овие типови на субјекти:
За повеќе информации, погледнете ја соодветната законска регулатива или обратете се кај претставниците на Централниот Регистар на Република Северна Македонија.