Централен Регистар на Република Македонија
ПОЧЕТОК
E-MAIL
Добредојдовте
Со оваа услуга можете да извршите резервација на назив на правен субјект пред да го запишете во Регистарот на Трговски друштва и други правни лица. Со тоа називот на Вашиот иден правен субјект ќе биде заштитен во определен временски период. За да извршите резервација на назив на субјект потребно е да:
  • Проверите дали бараниот назив веќе постои. Централниот регистар го задржува правото да одбие упис на правен субјект во регистарот доколку неговиот назив е сличен со веќе упишан или резервиран назив, како и во сите други случаи предвидени со закон. Поради тоа, пред да го резервирате саканиот назив ве молиме да проверите дали постојат слични називи во регистарот користејќи ја функционалноста во секцијата насловена како “Резервирајте назив на правен субјект“.
  • Креирате кориснички налог (account). Со тоа ќе добиете корисничко име и лозинка за да го следите статусот на сите називи на друштва кои сте ги резервирале.
  • Внесете податоци за името кое сакате да го резервирате. Овде ќе го внесете точниот назив на друштвото кој сакате да биде заштитен до неговиот упис во регистарот.
  • Извршите електронско плаќање за услугата. Цената на оваа услуга изнесува 150 денари. Плаќањето може да го направите со вашата платежна картичка само преку интернет користејќи ја потполно безбедната услуга за електронско плаќање на CaSys International. По резервацијата на името на вашето ново друштво повелете во канцелариите на Централниот регистар за да го упишете друштвото во Регистарот на Трговски друштва и други правни лица. Вашето резервирано име ќе биде заштитено во период од 15 календарски дена.
Резервирајте назив
Резервирајте го саканиот назив на правен субјект доколку веќе сте се најавиле на системот со вашето корисничко име.

Најавете се за да резервирате назив

Кликнете овде за да се најавите со вашето претходно добиено корисничко име за да резервирате назив или да го следите статусот на направените резервации.

Пребарај во регистрираните правни субјекти

Внесете цел или дел од називот за да проверите дали во Регистарот на Трговски друштва и други правни лица тој веќе постои. При пребарувањето користете исклучиво македонска кирилица.
ПРЕБАРАЈ НАЗИВ ВО РЕГИСТРИРАНИТЕ ПРАВНИ СУБЈЕКТИ [naslov]

Назив на правен субјект