Услови за користење на страницата

Добре дојдовте на веб страницата  на Централен регистар на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст Централен регистар).

Сите податоци објавени на  веб страницата на Централен регистар се од информативен карактер и не може да предизвикаат правни дејствија и правни последици по Централен регистар.

Корисникот кој креирал сопствен кориснички налог на Централен регистар е лично одговорен за заштита на неговата лозинка.

Крајниот корисник се обврзува да ги почитува правилата и условите кои се истакнати подолу во овој текст како и дека нема да репродуцира, дистрибуира, пренесува, препродава било која содржина, софтвер, производи или услуги добиени преку веб страницата без претходно одобрување од Централен регистар.

Централен регистар има целосно право на целокупната содржина на веб страницата. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршување на авторските права или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓанска и/или кривична одговорност.

Со користењето на веб страницата, Вие се согласувате дека секогаш ќе оставате точни податоци во секој дел од страницата каде што е тоа потребно и редовно ќе ги ажурирате за да одговараат на фактичката моментална состојба.

Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до веб страниците преку некој друг линк, тоа го прави на свој сопствен ризик.

Централен регистар не одговара за точноста на податоците оставени и запишани во Централен регистар, за точноста на податоците кои се водат во регистрите одговара подносителот.

Во случај на прекин на услугите поради проблеми со интернетот или други случувања кои се надвор од контрола на ЦР, Централен регистар ќе се обиде на било кој начин, преку социјални мрежи или контакт податоци да ги информира корисниците за привремената недостапност.

Централен регистар го задржува правото во било кое време да ги менува содржината и дизајнот на својата веб страница како и да ги дополни или промени некои од услугите, во согласност со законските прописи.

Корисникот се согласува дека комуникацијата која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.

Известувањата од страна на Централен регистар доставени до Вашата е-маил адреса која сте ја запишале во Вашиот кориснички налог или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација, ќе се смета дека се уредно доставени на денот на испратената електронска порака.