Централниот регистар е активен член на сите релевантни меѓународни асоцијации на бизнис регистри, и тоа:
Овие организации овозможуваат платформа за размена на искуства, примена на иновативни методи и решенија во работењето, како и пристап до статистички податоци и извештаи за работата на сродните институции во целиот свет.
На генералното собрание на Форумот на корпоративни регистри во април, 2019 година директорката на Централниот регистар беше избрана и за член на Извршниот одбор на оваа организација со двегодишен мандат. Покрај ова, Централниот регистар со свои членови активно учествува во работните групи на Европската асоцијација за бизнис регистри, како што се: работната група за законодавството од областа на трговско право, работната група за регистрите за вистински сопственици, како и работната група за изработка на Меѓународниот извештај за бизнис регистри.
Централниот регистар беше домаќин на годишната конференција на Форумот на корпоративни регистри во 2019 година и на годишната конференција на европската асоцијација во 2012 година.