Соопштение за пуштање во употреба на Регистарот на вистински сопственици

Почитувани,
 

Регистарот на вистински сопственици е пуштен во употреба. 
Регистарот се воспоставува како производ од интензивната соработка меѓу Централниот Регистар со Управата за финансиско разузнавање, поддржан од Глобалната програма за борба со нелегални финансиски текови при Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Целта на воведувањето на регистарот е зголемување на транспарентноста во сопственичката структура на правните лица во земјата и исполнување на меѓународните и ЕУ стандарди за борба со перење пари и финансирање тероризам. 
Предмет на упис во регистарот се вистинските (крајните сопственици) на субјектите на упис.
„Вистински сопственик” е секое физичко лице (лица) кое е краен сопственик на субјектот или го контролира субјектот и/или физичко лице (лица) во чие име и за чија сметка се извршува трансакција. Поимот вклучува и физичко лице (лица) кое врши крајна и ефективна контрола над правно лице или странски правен аранжман.
За точноста, адекватноста и ажурноста на податоците внесени во Регистарот се одговорни овластените лица на правните субјекти, а уписот се спроведува единствено електронски, преку интернет, при што подносителите се идентификуваат и пријавите се потпишуваат со електронски потпис. Овластените лица уписот може да го спроведуваат самостојно или пак да овластат друго лице да поднесе пријава во нивно име.
Во Регистарот се внесуваат податоци за сите постоечки субјекти иницијално, како и за сите настанати промени во сопственичката структура на субјектите. Сите уписи кои ќе се спроведуваат во законските рокови се спроведуваат без надомест (8 дена од денот на основањето на субјектот и 8 дена од денот на промената на вистинскиот сопственик), при што таква можност за сите постоечки субјекти ќе се обезбеди и во рок од три месеци од моментот на воспоставувањето на Регистарот.
За подетални информации околу уписот и промена на вистинските сопственици, обврзани субјекти, рокови, начин на користење на системот, процедура и сл. можете да прочитате и од Документот за ЧПП на следниот линк или да се обратите на следните телефони за поддршка на корисници +389 2 3288 602, да испратите e-mail порака на следната контакт адреса rvs@crm.org.mk  или да ја посетите официјалната веб страница на Централен регистар  http://www.crm.com.mk/mk/uslugi/izvrsham-upis-ili-zavrsham-obvrska/zapishi-vistinski-sopstvenik/upis-na-vistinski-sopstvenik-na-subjekt 
На следниот линк може да го погледнете видеото кое содржи подетални информации за самиот Регистар и суштината на неговото воспоставување. 
https://www.youtube.com/watch?v=9vu92BFiJYE&ab_channel=CentralenRegistarnaRSM

Со Почит,

Централен регистар на Република Северна Македонија