Почитувани
Ги известуваме Трговците поединци и самостојните вршители на дејност (обврзници за поднесување годишни сметки согласно Законот за данок на личен доход) дека Централниот регистар на ден 15.03.2025 година (сабота) ќе работи и ќе врши прием во хартија на годишните сметки за 2024 година во сите регионални и регистрациони канцеларии од 08:00 до 16:00 часот.
Истовремено ги известуваме сите обврзници кои поднесувааат годишни сметки согласно Законот за трговски друштва, дека законскиот рок за поднесување годишна сметка за 2024 година во електронска форма е до 15.03 (сабота) 24:00 часот.
Од 16.03.2025 со годишната сметка треба да се достави и ревизорски извештај со соодветна тарифа.
Со Почит,
Централен регистар