Почитувани,
Ве информираме дека Образецот ”ДЕ” се заменува со нов образец, согласно последните измени во Правилникот за посебни податоци, потребни за системот на државна евиденција и за формата и содржината на образецот за државна евиденција, Сл. весник на РСМ, бр.299/20 од 17.12.2020 година.
Воедно ве известуваме дека податоците во претходна година, во ДЕ образецот, треба да се прилагодат согласно новиот образец. При електронски поднесување на годишна сметка, податоците за претходна година ќе бидат пополнети во Билансот на состојба и Билансот на успех, додека во ДЕ образецот, поради промената, потребно е целосно да се пополни претходна година, прилагодена на новиот образец.
Посебни податоци за државна евиденција за субјектите
Повеќе информации за поднесување на годишна сметка
Со Почит