Врз основа на член 28-б од Законот за Централен регистар („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/01, 49/03, 109/05, 88/08, 35/11, 43/14, 199/14, 97/15, 153/15, 27/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.311/20) и член 44 став 2, член 45 став 1 и член 46 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19), а во врска со член 597 став 3 од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.290/20, 215/21 и 99/22), Централниот регистар на Република Северна Македонија издаде платни налози за трговци поединци, трговски друштва и одговорни лица во трговските друштва, поради сторен прекршок во врска со одредбите од членовите 469 став 1, 476 став 1 и 2, 477 став 1, 4 и 5 и 482 став 1 и 2 од Законот за трговските друштва.
Платните налози беа уредно доставени, согласно член 56 став 1 и член 57 став 2 од Законот за прекршоците, меѓутоа обидот да се изврши уредно доставување на еден од начините предвидени во Законот за прекршоците, до одредени трговците поединци, трговските друштва и одговорните лица во трговските друштва не успеа. Поради тоа Централниот регистар на Република Северна Македонија, согласно член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците, објавува листа на трговците поединци, трговските друштва и одговорните лица во трговските друштва кај кои што обидот за уредно доставување на прекршочниот платен налог не успеал. Во листата се содржи и износот на глобата која што трговците поединци, трговските друштва и одговорните лица во трговските друштва треба да ја платат за сторениот прекршок.
По истекот на 8 дена од денот на објавувањето, се смета дека доставата е уредно извршена.
Се задолжува сторителот да ја плати глобата во рок од 8 дена од денот кога доставата се смета за уредна на образец ПП30 / ПП10 на сметка:
- цел на дознака – наплата на глоба по платен налог за назив на трговец поединец/трговско друштво/име и презиме на одговорно лице во трговското друштво:
- назив на примач – ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РСМ
- банка на примачот :
Стопанска банка АД Битола | 500000000564373 |
Стопанска банка АД Скопје | 200000810380672 |
Тутунска банка АД Скопје | 210055498500119 |
Уни банка АД Скопје | 240010001589325 |
Комерцијална банка АД Скопје | 300000004130296 |
Халк банка АД Скопје | 270055498500126 |
повикува број : 23 |
ПРАВНА ПОУКА: Сторителот на прекршокот кој ќе ја плати глобата на платниот налог во рок од 8 дена од денот кога доставата се смета дека е уредно извршена, ќе плати само половина од изречената глоба за сторениот прекршок.
Ако сторителот не ја плати глобата во определениот рок, службеното лице – Одговорното лице за работење на Централниот регистар, ќе поднесе Барање за поведување на прекршочна постапка до надлежната Комисија за одлучување по прекршок, односно до надлежен суд.
Во продолжение се списоците на Трговски друштва, Одговорни лица во трговските друштва и Трговци поединци со неуредна достава на прекршочниот платен налог: