Соопштение - Објава за неуредна достава на прекршочен платен налог за неподнесен ревизорски извештај за 2021 година

Врз основа на член 28-б од Законот за Централен регистар („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/01, 49/03, 109/05, 88/08, 35/11, 43/14, 199/14, 97/15, 153/15, 27/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.311/20) и член 44 став 2, член 45 став 1, член 46 и член 47 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19 и 253/23), а во врска со член 597 став 3 од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.290/20, 215/21 и 99/22), Централниот регистар на Република Северна Македонија издаде платни налози за трговски друштва и одговорни лица во трговските друштва, поради сторен прекршок спротивно на член 482 став 2 од Законот за трговските друштва. 
Платните налози беа уредно доставени, согласно член 56 став 1 и член 57 став 2 од Законот за прекршоците, меѓутоа обидот да се изврши уредно доставување на еден од начините предвидени во Законот за прекршоците, до одредени  трговски друштва и одговорни лица во трговските друштва не успеа. Поради тоа Централниот регистар на Република Северна Македонија, согласно член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците, објавува листа на трговските друштва и одговорните лица во трговските друштва кај кои што обидот за уредно доставување на прекршочниот платен налог не успеал. Во листата се содржи и износот на глобата која што трговските друштва и одговорните лица во трговските друштва треба да ја платат за сторениот прекршок.
По истекот на 8 дена од денот на објавувањето, се смета дека доставата е уредно извршена.

Се задолжува сторителот да ја плати глобата во рок од 8 дена од денот кога доставата се смета за уредна на образец ПП50 на сметка:

- назив на примач – Трезорска сметка
- трансакциска сметка : 100000000063095
- банка на примачот : НБРСМ
- цел на дознака – глоба по платен налог бр…………..    
- повикување на број задолжување – 0918-40/.............
- уплатна сметка – 840 ... 05829 
- програма 00
- приходна шифра – 722161


ПРАВНА ПОУКА: Сторителот на прекршокот кој ќе ја плати глобата во рок од 8 дена од денот кога доставата се смета дека е уредно извршена, ќе плати само половина од изречената глоба за сторениот прекршок.
Сторителот е должен да ја плати глобата во рок од 8 дена од денот кога доставата се смета дека е уредно извршена и веднаш да достави доказ за извршената уплата до Централниот регистар.
Ако сторителот не ја плати глобата во определениот рок, службеното лице – Одговорното лице за работење на РРК, ќе поднесе Барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд.

 

Трговски друштва со неуредна достава на прекршочен платен налог за неподнесен ревизорски извештај за 2021 година

Одговорни лица во трговските друштва со неуредна достава на прекршочен платен за неподнесен ревизорски извештај за 2021 година

 

Со Почит,

Централен регистар