Почитувани корисници на електронските услуги на Централен регистар,
Ве информираме дека Системот за централизирано најавување и регистрирање корисници на Централен регистар е интегриран со:
1. eID - Системот за единствена најава https://uslugi.gov.mk/
Корисничките профили на овој систем се креирани врз основа на податоците за лицето сопственик на дигиталниот профил преземени од Централниот регистар на население (ЦРН). Со eID, по автентикација на Системот за единствена најава со корисничко име и лозинка или дигитален сертификат за електронски потпис, корисникот може да се најави на националниот портал за е-услуги (https://e-uslugi.mon.gov.mk/) и на електронските системи што се интегрирани со Системот за единствена најава, да го надгради нивото на eID и да се најави и да креира кориснички налог во ЦР.
2. OneID - Системот за автентикација на корисници базиран на мобилна апликација, кој нуди електронски потписи и електронска идентификација за физички лица со високо ниво на сигурност. https://oneid.mk/za-korisnici.nspx
Корисниците на Системот за централизирано најавување и регистрирање корисници, покрај досегашната можност, имаат две дополнителни можности, да одберат да креираат налози и да се најавуваат со eID и со ОneID доколку веќе имаат сопствени налози на eID и на ОneID.
Најавата и регистрацијата на кориснички налози преку eID и ОneID не се задолжителни. За корисниците останува постојната функција за најава и регистрирање нови корисници.
За корисничка помош и поддршка на системот, обратете се на marketing@crm.org.mk или на 078/490-940
Со почит,
Централен регистар