Објава за неуредна достава на прекршочен платен налог за неподнесена годишна сметка за 2024 година

Почитувани,

 Врз основа на член 28-б од Законот за Централен регистар („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/01, 49/03, 109/05, 88/08, 35/11, 43/14, 199/14, 97/15, 153/15, 27/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 311/20 и 235/24) и член 44 став 2, член 45 став 1, член 46 и член 47 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19, 253/23 и 13/26), а во врска со член 597 став 3 од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 290/20, 215/21, 99/22 и 272/24), Централниот регистар на Република Северна Македонија издаде платни налози за трговци поединци, трговски друштва и одговорни лица во трговските друштва поради сторен прекршок во врска со одредбите од членовите 469 став 1, 476 став 1 и 2, 477 став 1, 4 и 5 и 482 став 1 и 2 од Законот за трговските друштва. 
Платните налози беа уредно доставени, во согласност со член 56 став 1 и член 57 став 2 од Законот за прекршоците, меѓутоа обидот да се изврши уредно доставување на еден од начините предвидени во Законот за прекршоците до одредени трговци поединци, трговски друштва и одговорни лица во трговските друштва, не успеа. Поради тоа Централниот регистар на Република Северна Македонија, во согласност со член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците, објавува листа на трговците поединци, трговските друштва и одговорните лица во трговските друштва кај кои обидот за уредно доставување на прекршочниот платен налог не успеал. Во листата се содржи и износот на глобата што трговците поединци, трговските друштва и одговорните лица во трговските друштва треба да ја платат за сторениот прекршок.
По истекот на 8 дена од денот на објавувањето, се смета дека доставувањето е уредно извршено.

Се задолжува сторителот да ја плати глобата во рок од 8 дена од денот кога доставувањето се смета за уредно на образец ПП50 на сметка:

- назив на примач – Трезорска сметка
- трансакциска сметка : 100000000063095
- банка на примачот: НБРСМ
- цел на дознака – глоба по платен налог бр. 0918-….    
- повикување на број задолжување  0918-….
- сметка за уплата – 840... 05829 
- програма 00
- приходна шифра – 722161


ПРАВНА ПОУКА: Сторителот на прекршокот, кој ќе ја плати глобата во рок од 8 дена од денот кога доставувањето се смета дека е уредно извршено, ќе плати само една половина од изречената глоба за сторениот прекршок.
Сторителот е должен да ја плати глобата во рок од 8 дена од денот кога доставувањето се смета дека е уредно извршено и веднаш да достави доказ за извршената уплата до Централниот регистар. Ако сторителот не ја плати глобата во определениот рок, службеното лице – одговорното лице за работење на РРК, ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка до надлежната комисија за одлучување по прекршок, односно до надлежниот суд.

Трговски друштва со неуредна достава на прекршочен платен налог за неподнесена годишна сметка за 2024 година

Трговци поединци со неуредна достава на прекршочен платен налог за неподнесена годишна сметка за 2024

Одговорни лица во ТД со неуредна достава на прекршочен платен налог за неподнесена годишна сметка за 2024 година