Објава на преглед на избришани трговци поединци и трговски друштва согласно член 552а од Законот за трговски друштва

Почитувани,

Централниот регистар на Република Северна Македонија согласно став 5 од член 552-а од Законот за трговските друштва, (Службен весник на Република Македонија бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015, 6/2016, 64/18 , 120/18, 290/20,215/21 и 99/22), секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои согласно со овој член се избришани од трговскиот регистар во текот на претходниот месец, врз основа на кој надлежните органи и институциите постапуваат во рамките на нивните надлежности.

Истовремено се повикуваат содружниците, односно акционерите на бришаните друштва да го распределат имотот на друштвото меѓу себе согласно со ставот (4) на член 552-а од Законот за трговските друштва.

Во продолжение се објавени избришаните трговци поединци и трговски друштва:

Преглед на субјекти избришани согласно член 552а во врска со член 477 став 13  и член 477а од ЗТД -  во месец Јуни 2023 година

Преглед на субјекти избришани согласно член 552а, во врска со 552б од ЗТД -  во месец Јуни 2023 година