Почитувани Корисници,
Ве известуваме дека Дистрибутивниот систем е пуштен во употреба за надворешни Корисници.
Новиот Дистрибутивен систем е со нов модерен кориснички интерфејс и нови функционалности, кои овозможуваат:
• Подобрено корисничко искуство и користење на услугите од било кој уред (деск топ компјутер, лаптоп, таблет, паметен телефон).
• Динамично креирање на пакети на информации од страна на корисниците, со количински попусти и можност за користење на пакетите во определен временски период.
• Можност за нарачка на документи во писмена форма со испорака на домашна адреса.
• Вградување на квалификуван електронски временски жиг и QR code во електронски потпишаните документи, со што се овозможува подолготрајна валидност на документот (и по истекот на сертификатот за потпишување), како и можност за проверка на издадените електронски документи.
Сите постојни корисници ќе имаат пристап во Дистрибутивниот систем во улога на регуларни корисници.
При имплементација на новата верзија на Дистрибутивниот систем земени се предвид вашите забелешки и сугестии дадени како предлози за подобрување на услугите на Централен регистар.
Во подготовка е и верзија со која ќе се овозможат и нови производи – информации/потврди во електронска форма.
За дополнителни информации и помош за користење на системот, Ви стоиме на располагање. Деталните чекори за работа во системот се објаснети и во Упатството за користење на Дистрибутивен систем.
Благодариме што придoнесувате за подобрување на услугите!
+389 78 490940
+389 2 3228291
marketing@crm.org.mk