Почитувани Корисници на услугите на Централен регистар,
Поради интервенција во инфраструктурата, Ве информираме дека во петок - 06.5.2022 од 16:00 – 19:00 часот ќе бидат во прекин сите надворешни сервиси (во прекин ќе биде и е-маил и најавување на системот од надвор).
Работното време на РРК Скопје и Централата на Централен регистар на 06.05.2022 година ќе биде до 14:45 минути, поради дезинсекција и дератизација на работните простории во објектот.
Ви благодариме на разбирањето,
Со Почит,
Централен регистар