Внес на податоци за вистински сопственици на субјектите

Уписот на вистински сопственик претставува внес на податоци за претходно утврден вистински сопственик на правниот субјект, преку дефинирање на индикаторот на сопственост, при што услугата се однесува на иницијалниот внес на вистинскиот сопственик и секоја промена на истиот.
Правните субјекти се одговорни за точноста, адекватноста и ажурноста на податоците внесени во Регистарот. Податоци за вистински сопственици се запишуваат само за правните субјекти за кои постои законска обврска да го запишат вистинскиот сопственик. Уписот се спроведува единствено електронски, преку интернет и тоа:
• Самостојно, од страна на овластеното лице за застапување на правниот субјект или
• Преку друго лице, овластено од правниот субјект да поднесе пријава во Регистарот.