Самостојна пријава за упис на промена во Трговски Регистар и Регистарот на Други Правни Лица
Во зависност од начинот на поднесување предвиден со закон за различните типови на субјекти, оваа услуга овозможува самостојно (без посредство на Регистрационен агент) да поднесете пријава за промена на податоци за субјект, и тоа:
- Во канцелариите на ЦРРСМ, или
- Електронски преку интернет, без посета на канцелариите на ЦРРСМ. За електронско поднесување, сите учесници во постапката треба да поседуваат дигитален сертификат. Комплетна листа на издавачи на дигитални сертификати прифатливи за ЦРРСМ може да прегледате на следната локација.
Доколку сакате да извршите промена на податоци на субјект со помош на регистрационен агент, изберете ја услугата „Промена на субјект преку Регистрационен агент“. Промена преку регистрационен агент согласно законите е возможна само за одредени типови на субјекти.
За преглед на можните начини на поднесување во зависност од типот на субјектот, погледнете ги одговорите во делот за Често Поставувани Прашања подолу во податоците за оваа услуга.
Напомена: Овие инструкции се наменети за обични корисници и претставници на субјектите. Доколку сте Регистрационен агент, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Промена на субјект (инструкции за Регистрационен агент)“ .
Промената на податоци за субјект (ДОО, ДООЕЛ, Трговец Поединец, АД, Здруженија, Фондации итн.) во Трговскиот регистар и Регистарот на Други Правни Лица овозможува евидентирање на најактуелните официјални податоци кои важат за субјектот. Преку понатамошна системска размена на податоци, секоја промена на податоците во ЦРРСМ се евидентира и во:
- Управата за Јавни Приходи;
- Агенција за Вработување на Република Северна Македонија.
Доколку уписот кој го вршите подразбира промена на името, препорачливо е да извршите проверка и да го резервирате посакуваното име на субјектот користејќи ја услугата „Проверка и резервација на име“.
Во продолжение следи листа на промени кои се предмет на упис за најчестите типови на субјекти. За повеќе информации и начинот на поднесување, подолу одберете го типот на субјект за кој сте заинтересирани.
Можни промени според типот на субјектот
Друштво со Ограничена Одговорност (ДОО/ДООЕЛ), Трговец Поединец (ТП), Акционерско Друштво (АД), Подружница на странско друштво и странско ТП, Претставништво
- Промена на назив/фирма
- Промена на скратен назив
- Зголемување на основна главнина
- Намалување на основна главнина
- Промена на основна главнина
- Промена на основач/сопственик
- Промена на податоци на основач/сопственик (промена на назив, име и презиме на основачот, промена на седиште или адреса на живеење и сл.)
- Промена на седиште
- Промена на времетраење
- Промена на предмет на работење
- Промена кај подружница
- Промена кај прокурист
- Промена на надзорен орган
- Промена на контакт информации
- Промена на одобренија, потврди, лиценци и др.
- Промена на овластено лице/орган на управување (промена на назив, име и презиме на основачот, промена на седиште или адреса на живеење и сл.)
- Промена на Акт за основање
Здружение
- Промена на име
- Промена на скратено име
- Промена на седиште
- Промена на предмет на работење
- Промена на цели
- Промена на статут
- Бришење на основач
- Промена на застапник
- Промена на е-маил
- Упис/промена на организациона единица
- Промена на одобренија, потврди, лиценци и др.
Фондација
- Промена на име
- Промена на скратено име
- Промена на седиште
- Промена на предмет на работење
- Промена на цели
- Промена на статут
- Промена на основач
- Зголемување/намалување на имотна маса
- Промена на застапник
- Промена на е-маил
- Упис/промена на организациона единица
- Промена на одобренија, потврди, лиценци и др.
Подружница на странска организација
- Промена на име
- Промена на скратено име
- Промена на седиште
- Промена на цели
- Промена кај основач
- Промена на застапник
- Промена на е-маил
- Промена на акт за основање
- Промена на одобренија, потврди, лиценци и др.
Заедница на сопственици / Заедница на сопственици на посебни делови од станбената зграда
- Промена на назив
- Промена на скратен назив
- Промена на седиште
- Промена на статут
- Промена на застапник
- Промена на е-маил
Приватна здравствена установа, приватна здравствена установа - аптека
- Промена на назив
- Промена на скратен назив
- Промена на седиште
- Промена на предмет на работење
- Промена на акт за основање
- Промена на основач
- Промена на застапник
- Промена на е-маил
- Упис/промена на организациона единица
- Зголемување/намалување на основна главнина
- Промена на одобренија, потврди, лиценци и др.
Останати типови на субјекти
Дополнително на споменатите типови на субјекти, Централниот Регистар евидентира промени и за други правни лица. Ова ги вклучува:
- Субјекти кои се основани под други основни регистри, за кои Централниот Регистар обезбедува податоци. За повеќе информации, обратете се во институцијата одговорна за основниот регистар за конкретната намена.
- Нотари;
- Адвокати;
- Извршители;
- Занаетчии;
- Земјоделци;
- Приватни агенции за вработување;
- Друштво за посредување во вработувањето во земјата и странство;
- Синдикати;
- Политички партии;
- Црква, верска заедница, религиозна група;
- Комори;
- Други.
- Субјекти основани од државна/општинска институција или со посебен пропис, вклучувајќи:
- Јавно Претпријатие;
- Државна установа;
- Субјект основан со посебен пропис.
- Останати субјекти кои се предмет на регистрација.
- Командитно друштво (КД);
- Командитно друштво со Акции (КДА);
- Јавно Трговско Друштво (ЈТД);
- Стопанска интересна заедница (СИЗ);
- Комора;
- Задруга.
За повеќе информации, погледнете ја соодветната законска регулатива или обратете се кај претставниците на Централниот Регистар на Република Северна Македонија.