Вложувањата на нерезиденти во недвижности во Република Северна Македонија, како и на резиденти во недвижности во странство се евидентираат согласно Законот за девизното работење. Сите резиденти кои се стекнале со недвижност во странство, односно нерезиденти кои се стекнале со недвижност во Република Северна Македонија се должни да пријават вложувања во недвижност. Сите понатамошни промени во овие вложувања се исто така предмет на ваквата обврска за упис.
Под вложувања во недвижности се подразбира вложување на финансиски средства во недвижност преку купопродажен договор, или пак стекнување на права врз недвижноста по пат на наследство, дар и слично.
Поимот недвижност е дефиниран во Законот за катастар на недвижности и во Законот за сопственост и други стварни права. Податоците од овој Регистар се користат за статистички цели и за останати намени кои имаат законска основа.
Во следните случаи овластената банка не смее да го реализира налогот на плаќање без потврда од Регистарот на вложување средства во недвижности:
По барање на подносителот и по плаќање на соодветен надомест, предметот може да се изработи по итна постапка во која се крати временскиот интервал на чекање, односно се дава приоритет на предметот во однос на другите предмети.