Промена (вклучувајќи бришење) на директни инвестиции на резиденти во странство
Услугата за промена во Регистарот на Директни Инвестиции во случај на резидент кој инвестирал во странство претставува измена на податоците за претходно внесениот резидент, или на странскиот субјект во кој се инвестира, како и податоци за висината на влогот на запишаната инвестиција. Во одредени случаи промената на инвестицијата може да претставува и нејзино целосно бришење од регистарот.
Предмет на промена може да бидат следните податоци:
- Седиште, назив или идентификациониот број на инвеститорот, или пак на субјектот во кој се вложува;
- Промена на влогот (зголемување или намалување на влогот) преку пренос или продажба;
- Стекнување на влог кој е веќе впишан како инвестиција;
- Бришење на влогот по пат на стечај или ликвидација на субјектот во кој се вложува;
- Бришење на влогот по пат на пренос или продажба.
- Бришење по пат на целосно исплатен заем (доколку инвестицијата е во форма на заем);
- Друго (пр. статусна промена на субјектот преку присоединување или делење).
Промената може да се изврши електронски преку интернет, или пак директно во соодветните канцеларии на ЦРРСМ.
Доколку инвестицијата се впишува за прв пат, пристапете кон услугата Упис на директни инвестиции - резиденти во странство. Одредена инвестиција може да подразбира и потреба од два или повеќе уписи од различен вид (упис на нова инвестиција или промена на постоечка инвестиција) доколку дел од веќе регистрирана инвестиција се пренесе на нов инвеститор.
Директна инвестиција е вид на капитална трансакција во вид на:
- Вложувања на резиденти (правно или физичко лице) во странство, или
- Вложувања на нерезиденти (правно или физичко лице) во РС Македонија.
Директните инвестиции се вложувања со кои инвеститорот има намера да воспостави трајна економска поврзаност и/или да оствари право на управување со трговското друштво или другото правно лице во кое инвестира.
Видот на настанување и начинот на реализирање на директна инвестиција може да биде во:
- Пари, права, предмет, и тоа како:
- Основање на трговско друштво во целосна сопственост на инвеститорот;
- Зголемување на главнината на друштвото во целосна сопственост;
- Стекнување на трговско друштво во целосна сопственост;
- Учество во постојано друштво или здобивање со повеќе од 10% од основниот капитал на друштвото односно со повеќе од 10% од правото на одлучување.
- Заеми
- Долгорочен заем со период од пет и повеќе години, кога се работи за заем од инвеститорот и кој е наменет за трговско друштво во негова целосна сопственост;
- Долгорочен заем со период од пет и повеќе години, кога се работи за заем наменет за воспоставување на трајна економска поврзаност меѓу економски поврзани субјекти.
- Подружници, односно Основање подружница од страна на нерезидентен субјект во Република Северна Македонија.