Промена (вклучувајќи бришење) на директни инвестиции на нерезиденти во Република Северна Македонија

Услугата за промена во Регистарот на Директни Инвестиции во случај на нерезидент кој инвестирал во домашен субјект претставува измена на податоците за претходно внесениот нерезидент или  домашниот субјект во кој се инвестира, како и податоци за висината на влогот на запишаната инвестиција. Во одредени случаи промената на инвестицијата може да претставува и нејзино целосно бришење од регистарот.

Предмет на промена може да бидат следните податоци:

Промената може да се изврши електронски преку интернет, или пак директно во соодветните канцеларии на ЦРРСМ.

Доколку инвестицијата се впишува за прв пат, пристапете кон услугата Упис на директни инвестиции - нерезиденти во Македонија. Одредена инвестиција може да подразбира и потреба од два или повеќе уписи од различен вид (упис на нова инвестиција или промена на постоечка инвестиција) доколку дел од веќе регистрирана инвестиција се пренесе на нов инвеститор.

Директна инвестиција е вид на капитална трансакција во вид на:

Директните инвестиции се вложувања со кои инвеститорот има намера да воспостави трајна економска поврзаност и/или да оствари право на управување со трговското друштво или другото правно лице во кое инвестира.

Видот на настанување и начинот на реализирање на директна инвестиција може да биде во: