Поднесување на консолидирана годишна сметка во хартиена форма

Поднесување консолидирана годишна сметка на трговските друштва се врши согласно Законот за трговските друштва. Трговските друштва кои имаат преовладувачко влијание во едно или повеќе друштва, секоја година составуваат и објавуваат консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи и истите се должни во согласност со законската регулатива во законскиот определен рок да ги достават до Регистарот на годишни сметки.  

Базата на податоци се состои од нефинансискиот и финансиски сектор и осигурителни друштва. Средните и големите субјекти поднесуваат само електронски, додека микро и малите субјекти имаат можност да поднесат консолидирана годишна сметка и во хартиена форма.

Консолидирана годишна сметка во хартиена форма се поднесува на шалтерите на Централниот регистар, сочинета од:

Повеќе информации за услугата, како и тарифата, потребните документи и предуслови ќе најдете во деталните упатства, инструкции и процедури за користење.

Големината на субјектот може да ја проверите на следната локација.

Напомена: Само микро и малите субјекти може да поднесат консолидирана годишна сметка во хартиена форма.