Почитувани,
Проверете големина на правен субјектПроверка на структурата на XML датотека
Најавете се со вашето корисничко име и лозинка, одберете го делот со достапни системи каде што имате пристап и отворете ја апликацијата за електронско поднесување годишна сметка.
Други информации поврзани со поднесувањето годишнa сметка може да добиете на следниов линк.
Во согласност со законската регулатива на Република Северна Македонија, правните лица имаат обврска да водат сметководство и билансните шеми да ги достават до регистарот за годишни сметки при Централниот регистар.
Електронското поднесување годишна сметка се врши преку системите на ЦРРСМ, а подносител може биде управителот на трговското друштво или овластен сметководител/сметководител.
За поднесување годишна сметка се пополнуваат потребните обрасци и во прилог се закачуваат белешки со објаснување или известување за немање деловна активност, каде што се пополнува само биланс на состојба. Предуслов е инсталирана екстензија за дигитално потпишување XML документи, како и валиден дигитален сертификат. Поднесувањето може да се направи преку еден од следниве интернет-прелистувачи:
• „Гугл хром“ (Google Chrome), минимум верзија 29 или понова;
• „Опера“ (Opera), минимум верзија 16 или понова;
• „Моѕила“ (Mozilla), минимум верзија 52 или понова;
• „Мајкрософт еџ“ (Microsoft Edge).
Повеќе информации за услугата, како и за тарифата, потребните документи и предуслови ќе најдете во деталните упатства, инструкции и процедури за користење.
Големината на субјектот може да ја проверите на следнава локација.
Проверка на исправност на структурата на XML датотека може да извршите на следнава локација.
ЗАБЕЛЕШКА: Средните и големите трговци се обврзани поднесувањето да го извршат електронски (не постои можност за хартиено поднесување).