Упис на заложно право врз подвижни предмети и права

Упис на заложно право претставува начин на засновување на заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарување и други права. Со залогот се обезбедува побарувањето на заложниот доверител со цел тој пред другите доверители да наплати од вредноста на предметот на залог ако побарувањето не му биде исплатено во рокот на пристигнување.

Поднесувањето за упис на нов залог го врши Нотар или друго лице овластено од Нотарот врз основа на договор за залог во форма на нотарски акт или солемнизација, заедно со останатите придружни документи.

Напомена: Доколку сте Нотар, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Упис на залог (инструкции за Нотар)“.