Бришење на правото на лизинг врз подвижни и недвижни предмети

Постапката за бришење на правото на лизинг во Регистарот за лизинг претставува начин на бришење на правото на лизинг врз подвижни и недвижни ствари. Бришењето на лизинг се прави врз основа на барање за бришење на лизинг издадено од страна на давателот на лизинг (заверено на Нотар).

Поднесување на пријавите за упис, промена или бришење во Регистарот за Лизинг е обврска на Давателот на лизинг. Дополнително давателот и корисникот на лизинг имаат можност да го овластат Нотарот за постапката да изврши упис.

Напомена: Доколку сте Нотар или Давател на лизинг, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Бришење на лизинг (инструкции за Нотар и Давател на лизинг)“. Доколку сакате да добиете информација од Регистарот на лизинг, пристапете кон секцијата „Сродни услуги“ подолу во податоците од оваа услуга и одберете го соодветниот тип на информација.