Издавање на поединечен податок од регистарот на Задолжници

Оваа услуга овозможува издавање на поединечен податок евидентиран во Регистарот на задолжници.

Не постои пропишан образец за барање на оваа информација. Корисникот треба да поднесе писмено барање во кое прецизно ќе наведе каков податок сака да добие. Во моментот на поднесување претставникот на ЦРРСМ ќе оцени дали е возможно да се утврди и издаде бараниот поединечен податок.