Увид во досие за регистрација на директна инвестиција од Регистарот за директни инвестиции

Увидот во досие претставува можност за преглед на целосната хартиена документација за конкретна инвестиција, односно пристап до архивираните документи за таа инвестиција. Барањето за увид се поднесува на однапред пропишан образец кој содржи податоци за подносителот на барањето, критериумите за пребарување, вид на информации (актуелна состојба на инвестицијата, историјат на инвестицијата, фотокопие од решение итн.).