Издавање на листинг од обработена годишна сметка и готовински текови со оценка на работењето

Листинг од обработена годишна сметка и готовински текови со оценка на работењето на субјектот може да се издаде за трговски друштва кои имаат поднесено и одобрено годишна сметка до Централниот регистар на РСМ. Содржи преглед на податоци од годишната сметка (биланс на состојба и биланс на успех), како и податоци за паричните средства на друштвото на почетокот и на крајот на пресметковната година. Делот за  оценка на работењето содржи скратени показатели за финансиска стабилност, ликвидност и профитабилност на друштвото и нивно кратко толкување за период од две години.

Пример - Листинг од обработена годишна сметка со готовински тек и оценка на работењето