Потврда за историјат на промени за субјект од Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица

Услугата овозможува издавање на потврда изработена врз основа на службена евиденција која ја води Централниот регистар, која ги прикажува историските промени настанати за правниот субјект (промена на назив, краток назив, промена на овластено лице, промена на управител, промена на седиште итн.) кои биле доставени и одобрени во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица.

Историјатот на субјект се однесува на уписите кои се понови од 01.01.2006г.