Упис на промена на заложно право врз подвижни предмети и права (инструкции за Нотар)

УпПостапка за промена на залог во Заложниот регистар претставува начин на измена на претходно запишано заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарување и други права (рачен залог).

Поднесувањето за упис на промена на залог го врши Нотар или друго лице овластено од Нотарот врз основа на анекс на постоечки договор за залог во форма на нотарски акт или солемнизација, заедно со останатите придружни документи.

Напомена: Инструкциите во оваа услуга се наменети за Нотари. Доколку не сте Нотар, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Промена на залог“. Доколку сакате да добиете информација од Заложниот регистар, пристапете кон секцијата „Сродни услуги“ подолу во податоците од оваа услуга и одберете го соодветниот тип на информација.