Напомена: Овие инструкции се наменети за Регистрационите агенти. Доколку НЕ сте Регистрационен агент, погледнете ги соодветните инструкции во услугите „Промена на субјект преку Регистрационен агент“ или „Самостојна промена на субјект“ (во зависност од начинот на кој сакате да извршите поднесување).
Во зависност од начинот на поднесување предвиден со закон за различните типови на субјекти, оваа услуга овозможува на Регистрационите агенти да извршат поднесување електронски преку интернет, без посета на канцелариите на ЦРРСМ. За електронско поднесување, потребно е да обезбедите дигитален сертификат. Комплетна листа на издавачи на дигитални сертификати прифатливи за ЦРРСМ може да прегледате на следната локација.
Поднесување преку регистрационен агент согласно законите е возможна само за одредени типови на субјекти и за одреден тип на поднесувања, согласно овластувањата кои ги има регистрациониот агент.
За преглед на можните начини на поднесување во зависност од типот на субјектот, погледнете ги одговорите во делот за Често Поставувани Прашања подолу во податоците за оваа услуга.
Промената на податоци за субјект (ДОО, ДООЕЛ, Трговец Поединец, АД, Здруженија, Фондации итн.) во Трговскиот регистар и Регистарот на Други Правни Лица овозможува евидентирање на најактуелните официјални податоци кои важат за субјектот. Преку понатамошна системска размена на податоци, секоја промена на податоците во ЦРРСМ се евидентира и во:
Доколку уписот кој го вршите подразбира промена на името, препорачливо е да извршите проверка и да го резервирате посакуваното име на субјектот користејќи ја услугата „Проверка и резервација на име“.
Во продолжение следи листа на промени кои се предмет на упис за најчестите типови на субјекти. За повеќе информации и начинот на поднесување, подолу одберете го типот на субјект за кој сте заинтересирани.
Дополнително на споменатите типови на субјекти, Централниот Регистар евидентира промени и за други правни лица. Ова ги вклучува:
Следните обрасци може да се користат за овие типови на субјекти:
За повеќе информации, погледнете ја соодветната законска регулатива или обратете се кај претставниците на Централниот Регистар на Република Северна Македонија.