Почитувани,
Ве информираме дека Централниот регистар на Република Северна Македонија, регионална регистрациона канцеларија Скопје, на ден 29.02.2024 година ќе работи со продолжено работно време и ќе овозможи прием на годишните сметки на правните субјекти за 2023 година од 08.00 до 20.00 часот.
На 29.02.2024 година (четврток) од 08.00 до 16.00 часот ќе се овозможи прием на годишните сметки на правните лиза за 2023 година во Регистрационите канцеларии РК Свети Николе, РК Пробиштип, РК Македонски Брод и РК Неготино.
Со Почит,
Централен регистар