Почитувани,
Ги известуваме сите обврзници за поднесување на годишни сметки во хартиена форма, дека Централниот регистар на РСМ ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година и во деновите:
- 27.02.2021 година (сабота) од 08:00 - 16:00 часот
- 01.03.2021 година (понеделник) од 08:00 - 20:00 часот.
На 01.03.2021 година (понеделник) од 08:00 - 16:00 часот Централниот регистар на РСМ овозможува прием на годишните сметки за 2020 година, во хартиена форма за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:
- Кратово - во објектот на Општина Кратово
- Демир Хисар - во објектот на Општина Демир Хисар
- Крушево - во објектот на Уни банка
Со почит,
Централен регистар на Република Северна Македонија