Соопштение за отпочнување на остапка за бришење на трговски друштва и трговци поединци за кои Управата за јавни приходи во постапка согласно член 477а од Законот за трговски друштва, со решение утврдила статус на неактивен субјект три години по ред

Соопштение за отпочнување на постапка за бришење на трговски друштва и трговци поединци за кои Управата за јавни приходи во постапка согласно член 477а од Законот за трговски друштва, со решение утврдила статус на неактивен субјект три години по ред 

Централниот регистар на Република Северна Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва (Сл. Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16,64/18, 120/18) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Северна Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 477 од истиот Закон, за кои Управата за јавни приходи со Решение утврдила статус неактивен три години по ред.

Список на субјекти:

• Друштво за трговија, транспорт и услуги ГОЛД ТРИП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕМБС 6527809 и седиште на Ул. ДОБРОМИР ХРС Бр.35 СКОПЈЕ - КИСЕЛА ВОДА

• Друштво за услуги, производство,трговија на големо и мало ТЕЛЕПИЦА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕМБС 5867673 и седиште на Ул. ДРЕЗДЕНСКА Бр.15/2-20 СКОПЈЕ – КАРПОШ

• Друштво за трговија и услуги ЛАЛЕ КОМЕРЦ - ЛАКИ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕМБС 6570445 и седиште на Ул. 203 Бр.57 ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГАЗИ БАБА

• Друштво за трговија и услуги ЛАЛЕ КОМЕРЦ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје со ЕМБС 4572335 и седиште Ул. 203 Бр.57 ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГАЗИ БАБА

• Авто такси ИГОР Јован Даме Блажевски ТП Скопје со ЕМБС 5611628 и седиште Ул. НЕРЕШКА Бр.27 Б СКОПЈЕ – КАРПОШ

• Друштво за трговија и услуги СТАТУС КОМПЈУТЕРИ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕМБС 5701368 со седиште Ул. ОРЦЕ НИКОЛОВ Бр.ББ-П.Ф. 138 СКОПЈЕ - ЦЕНТАР

Централниот регистар на Република Северна Македонија истовремено ги повикува  законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение, да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Доколку во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение Централниот регистар на Република Северна Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Датум на објава: 01.03.2019 година