Согласно законската регулатива на Република Северна Македонија, правните лица имаат обврска да водат сметководство и билансните шеми да ги достават до Регистарот за годишни сметки при Централниот Регистар.
Електронското поднесување на годишна сметка се врши преку системите на ЦРРСМ, а подносител може биде управителот на трговското друштво или овластен сметководител/сметководител.
За поднесување годишна сметка се пополнуваат потребните обрасци и во прилог се прикачуваат објаснувачки белешки или известување за немање деловна активност, каде се пополнува само биланс на состојба. Предуслов е инсталирана екстензија за дигитално потпишување на XML документи како и валиден дигитален сертификат. Поднесувањето може да се направи преку еден од следните интернет прелистувачи:
• Google Chrome, минимум верзија 29 или понова
• Opera, минимум верзија 16 или понова
• Mozilla, минимум верзија 52 или понова
• Microsoft Edge
Повеќе информации за услугата, како и тарифата, потребните документи и предуслови ќе најдете во деталните упатства, инструкции и процедури за користење.
Големината на субјектот може да ја проверите на следната локација.
Проверка на исправност на структурата на XML датотека може да извршите на следната локација.
НАПОМЕНА: Средни и големи трговци се обврзани поднесувањето да го извршат електронски (не постои можност за хартиено поднесување).