Секоја заинтересирана страна може да побара информација за одредено правно и физичко лице дали има имот/права врз недвижности. Издавањето на информација од Регистарот на права врз недвижности се врши врз основа на поднесено барање за издавање на информација на посебен образец. Информациите кои Централниот регистар ги дава на заинтересираните корисници се преземаат од Агенцијата за катастар на недвижности и имаат само информативен карактер.
Издавањето на информација се врши според еден од следните критериуми:
Информацијата која се издава содржи податоци од имотниот лист на недвижноста за запишаните права на сопственост и сите евидентирани товари, вклучително и запишаните хипотеки. Доколку по извршеното пребарување во Регистарот за права врз недвижности според податоците наведени во барањето од странката не се пронајдат записи, се дава писмен одговор (известување).
Централниот Регистар не издава документи - потврди за кои исклучиво е надлежна Агенцијата за катастар на недвижности, како што се на пример потврда дали некое лице не поседува недвижен имот, или дали некој имот не е под хипотека.