Бришење на заложно право врз подвижни предмети и права (инструкции за Нотар)

Постапката за бришење на заложно право во Заложниот регистар претставува начин на бришење на заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарување и други права (рачен залог).

Поднесувањето за упис на бришење на постоечки залог го врши лицето кое е наведено (овластено) во нотарски заверената Изјавата од заложниот доверител која е основа за бришење на залогот, или пак друго лице овластено со полномошно.

Напомена: Инструкциите во оваа услуга се наменети за Нотари. Доколку не сте Нотар, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Бришење на залог“. Доколку сакате да добиете информација од Заложниот регистар, пристапете кон секцијата „Сродни услуги“ подолу во податоците од оваа услуга и одберете го соодветниот тип на информација.