Постапката за бришење на договор за фидуцијарен пренос врз подвижни предмети и преносливи права во Фидуцијарниот регистар претставува начин на бришење на договор за фидуцијарен пренос врз подвижни предмети и преносливи права.
Поднесувањето за упис на бришење на постоечко право на фидуцијарен пренос на правото на сопственост го врши лицето кое е наведено (овластено) во нотарски завереното Барање за бришење од фудицијарниот доверител, или пак друго лице овластено со полномошно.
Напомена: Инструкциите во оваа услуга се наменети за Нотари. Доколку не сте Нотар, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Бришење на фидуција“. Доколку сакате да добиете информација од Фидуцијарен регистар, пристапете кон секцијата „Сродни услуги“ подолу во податоците од оваа услуга и одберете го соодветниот тип на информација.