Упис на промена на правото на лизинг врз подвижни и недвижни предмети (инструкции за Нотар и Давател на лизинг)

Постапката за регистрација на промена на правото на лизинг во Регистарот за лизинг претставува начин на измена на претходно запишано право на лизинг врз подвижни и недвижни ствари. Уписот на промената се прави врз основа на склучен Анекс кон договор за лизинг, солемнизиран или заверен на Нотар, заедно со придружните документи.

Поднесување на пријавите за упис, промена или бришење во Регистарот за Лизинг е обврска на Давателот на лизинг. Дополнително давателот и корисникот на лизинг имаат можност да го овластат Нотарот за постапката да изврши упис.

Напомена: Инструкциите во оваа услуга се наменети за Нотари и Даватели на лизинг. Доколку не сте Нотар или Давател на лозинг, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Промена на лизинг“. Доколку сакате да добиете информација од Регистарот на лизинг, пристапете кон секцијата „Сродни услуги“ подолу во податоците од оваа услуга и одберете го соодветниот тип на информација.