Централен Регистар на Република Македонија
ПОЧЕТОК
E-MAIL
Добре дојдовте
Со оваа услуга можете да извршите резервација на име на правен субјект пред да го запишете во трговскиот регистар и регистар на други правни лица. Со тоа името на вашиот иден правен субјект ќе биде заштитено во определен временски период. За да извршите резервација на име на субјект треба:
  • да проверите дали бараното име веќе постои. Централниот регистар го задржува правото да одбие упис на правен субјект во регистарот доколку неговото име е слично со веќе запишано или резервирано име, како и во сите други случаи предвидени со закон. Поради тоа, пред да го резервирате саканото име, ве молиме да проверите дали постојат слични имиња во регистарот користејќи ја функционалноста во секцијата „Резервирајте име на правен субјект“;
  • да креирате кориснички налог. Со тоа ќе добиете корисничко име и лозинка за да го следите статусот на сите имиња на друштва што сте ги резервирале;
  • да внесете податоци за името што сакате да го резервирате. Овде ќе го внесете точното име на друштвото, кое сакате да биде заштитено до неговиот упис во регистарот;
  • да извршите електронско плаќање за услугата. Цената на оваа услуга изнесува 175,00 денари. Плаќањето може да го направите со вашата платежна картичка само преку интернет користејќи ја целосно безбедната услуга за електронско плаќање на Меѓународниот систем на картички (Касис). По резервацијата на името на вашето ново друштво повелете во канцелариите на Централниот регистар за да го запишете друштвото во трговскиот регистар и регистар на други правни лица. Името што сте го резервирале ќе биде заштитено во период од 15 календарски дена.
Резервирајте име
Доколку веќе сте се најавиле на системот со вашето корисничко име, резервирајте го саканото име на правен субјект.

Најавете се за да резервирате име

Најавете се со вашето корисничко име за да резервирате име или за да го следите статусот на направените резервации.

Пребарајте во регистрираните правни субјекти

Внесете цело име или дел од името за да проверите дали веќе постои во трговскиот регистар и регистар на други правни лица. При пребарувањето користете само македонска кирилица.
ПРЕБАРАЈ ИМЕ ВО РЕГИСТРИРАНИТЕ ПРАВНИ СУБЈЕКТИ [naslov]

Име на правен субјект