Политики, мисија и визија

Мисија

Мисија на ЦРРМ е да ги прошири и развие своите бази со дополнителни податоци (формирање на нови основни регистри и постојано унапредување на постојните) со што ЦРРМ ќе стане единствена централна информативна база на правни и друг вид релевантни податоци, значаен учесник во креирањето на подобра бизнис клима во Републиката,  промотор на странски инвестици  и општествено одговорна Институција, а со самото тоа директно ќе влијае на развојот на националната економија.

 

Визија

ТОЧНА И НАВРЕМЕНА ИНФОРМАЦИЈА - ПАТОТ КОН ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА    

 

Со цел да го овозможиме најдоброто корисничко искуство и да обезбедиме најдобра и најквалитетна услуга дефиниравме стратешка определба за достигнување успешни резултати, стекнување на доверба кај корисниците и градење на стабилна врска со нив. Континуираното унапредување на својата работа ја постигнуваме преку реализација на Развојна стратегија 2018 – 2022 и имплементација на Годишниот план за работа.

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Северна Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Северна Македонија.