Сала за јавни услуги

 

Почитувани корисници на услугите на Централен регистар,

  

     Ве информираме дека почнувајќи од 20.02.2019, со официјалното отворање на Салата за јавни услуги, (поранешна шалтер сала на Комерцијална банка), од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија, во Салата за јавни услуги, ќе може да ги добиете следниве услуги:

 

-Тековна состојба на субјект на упис

-Историјат на субјект на упис од 01.01.2006

-Поединечен податок (управител, сопственик, адреса, даночен број, сметка, историјат на сметка...)

-Потврда за регистрирана дејност

-Потврда за субјектот дали е отворена постапка за стечај

-Потврда за субјектот дали е отворена постапка за ликвидација

-Забрана за вршење професија, дејност или должност

-Привремена забрана за вршење одделна дејност – санкција

-Забрана за учество на постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство

-Привремена забрана за вршење на одделна дејност – казна

-Трајна забрана за вршење на одделна дејност

-Потврда дека не е впишана главна парична казна (кривична)

-Забрана за добивање дозвола, лиценца, концесија, овластување или друго право утврдено со посебен закон

-Забрана за основање на нови правни лица

-Забрана за користење субвенции и други поволни кредити

-Одземање на дозвола, лиценца, концесија, овластување или друго право утврдено со посебен закон

-Престанок на правно лице

-Информација за прекршочна судска одлука

-Информација за кривична судска одлука

-Извештај од биланс на состојба и податоци од биланс на успех

 

    Работното време ќе се одвива во две смени и тоа – прва смена од 07:30 до 15:00 часот и втора смена од 12:00 до 19:30 часот, а секоја прва сабота во месецот работното време ќе се одвива од 08:00 до 16:00 часот.

    Паузата во текот на работното време ќе се користи според правилата кои важат во “Салата за јавни услуги”

 

 

 

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Северна Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Северна Македонија.