РЕГИСТРИ
ТРГОВСКИ РЕГИСТАР И РЕГИСТАР НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА
Регистрација, промена и бришење на субјектите од трговскиот регистар, регистарот на здруженијата на граѓани и фондациите, установите, регистарот на стопанските комори, водните заедници и водостопанските претпријатија, судскиот регистар -  повеќе
РЕГИСТАР НА ГОДИШНИ СМЕТКИ
Регистарот на годишни сметки претставува единствена централна електронска информативна база во Република Македонија, во која се евидентираат, прибираат, кумулираат и чуваат сите релевантни финансиски податоци и показатели за работењето - повеќе
ЗАЛОЖЕН РЕГИСТАР
Во Заложниот регистар се врши упис, промена, бришење и давање на информација за заложените предмети. Регистрација, промена или бришење се врши врз основа на нотарски акт или потврда од страна на нотарот за склучениот договор за залог (солемнизација) - повеќе

РЕГИСТАР НА ВЛОЖУВАЊА ВО НЕДВИЖНОСТИ
Регистарот на вложувања во недвижности на резиденти во странство и на нерезиденти во Република Македонија -  повеќе


РЕГИСТАР НА ПРАВА ВРЗ НЕДВИЖНОСТИ

Во овој регистар не се врши упис на правата врз недвижностите, туку податоците секојдневно се преземаат од сите подрачни Одделенија на Државниот завод за геодетски работи за сите подрачја каде е воведен Катастарот на недвижности -  повеќе
РЕГИСТАР НА ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ
Согласно на  Законот за девизно работење (Сл. Весник на РМ бр.34/2001, 49/2001,103/2001,51/2003 и 81/2008), почнувајќи од 01 Октомври 2008 година, Централниот регистар на Република Македонија ги води Регистарот на директни инвестиции на резиденти во странство и    повеќе

 

 

Со цел да се скрати процедурата и да се намали потрошеното време на корисниците при доаѓањето до потребните информации, Централниот Регистар на Република Македонија го воведе Интернет дистрибутивниот систем

  • Дистрибутивниот систем на Централниот регистар, е достапен 24 часа на ден.
  • Централниот регистар на Република Македонија на корисникот ќе му додели еден Контролорскиот акаунт. Со Контролорскиот акаунт, корисникот ќе може да креира кориснички акаунти по потреба.
  • Интернет дистрибутивниот систем, ќе се користи по при-пејд принципот, односно корисникот однапред на сметка на Централниот регистар на Република Македонија ќе уплати 10.000,00 (десет илјади денари) од кои што автоматски по секоја пребарана информација ќе се одбива надоместок согласно Тарифата на Централниот регистар.
На корисникот преку интернет дистрибутивниот систем ќе му бидат достапни податоците за активните и неактивните субјекти запишани во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, кои може да се добијат преку следните производи:
  • Тековна состојба за субјектот на упис (Валидните податоци за субјектот на упис во моментот на пребарување)
  • Историјат на субјектот на   упис (Промeните извршени кај субјектот на упис почнувајќи од 01.01.2006   година)
  • Скенирани документи за   субјектот на упис (Скенирани записи од актите на субјектот за упис кои се   регистрирани по 01.01.2006 година, односно кај кои што е извршена промена по   01.01.2006 година).

Активни субјекти се оние субјекти кои ги   имаат потврдено податоците по извршената конверзија од хартиена во електронска   форма (пренесување на податоците од судските влошки во електронска   форма).

 

Врз основа на член 32 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва (Сл.весник на РМ 87/08), Централниот регистар на Република Македонија  го објавува следниот:
О Г Л А С
 
Се повикуваат управителите, органите на управување и доверителите на правните лица, трговците поединци и трговските друштва запишани во судскиот регистар кои до денот на влегувањето на сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва ( Сл. Весник на РМ бр.87 од 15.07.2008 година) не се усогласиле со одредбите на Законот за трговските друштва ( Службен весник на Р. Македонија бр. 28/2004, 84/2005 и 25/2007 ) и на правните лица, трговците-поединци и трговските друштва кои се запишани во трговскиот регистар, а чиишто сметки не се пренесени во деловните банки и не се блокирани, во рок од 30 дена од објавувањето на овој оглас да поднесат предлог за отворање на постапката за ликвидација или стечај над овие правни субјекти (списокот на субјекти може да го преземете овде), и за поднесените предлози се должни да го известат Централниот регистар на Република Македонија во писмена форма.
По истекот на рокот од 30 дена од објавувањето на овој оглас, Централниот регистар на Република Македонија ќе ги избрише од соодветниот регистар сите правни лица, трговци поединци и трговски друштва за кои нема да бидат поднесени предлози за отворање на постапка за ликвидација или стечај.
Бришењето ќе се објави на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија.
По завршување на постапката за бришење, сите средства од сметките на избришаните правни лица се пренесуваат на трезорска сметка на буџетот на Република Македонија.
Датум на објавување: 05.11.2008


 
И З В Е С Т У В А Њ Е
 
Централниот регистар на Република Македонија ги известува сите потенцијални инвеститори резиденти и нерезиденти кои вложуваат во директни инвестиции во Република Македонија и во странство, дека согласно на Законот за девизно работење (Сл. Весник на РМ бр.34/2001, 49/2001,103/2001,51/2003 и 81/2008), почнувајќи од 01 Октомври 2008 година ќе ги води Регистарот на директни инвестиции на резиденти во странство и Регистарот на директни инвестиции на нерезиденти во Република Македонија.
Обрасците за пријавување на директните инвестиции и Правилниците за начинот на пријавување, уписот, како и формата, содржината и начинот на водење на регистрите, ќе бидат објавени на web страницата на Централниот регистар по нивното објавување во Сл. Весник на РМ.

Нов производ на интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар

       Повеќе информации

ДОГОВОР за користење на интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар - Преземи

Доколку би сакале подетално да ве запознаеме како функционира дистрибутивниот систем, можете да не контактирате преку: