БАРАЊЕ ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА
Постапката за повраток на погрешно уплатени средства е регулирана со регулативен документ. Поради погрешно извршена уплата, странките лично или по пошта можат да достават барање (образец БПС Прилог 1/А1) кој е достапен на интернет порталот, до архивата на ЦР на РСМ, кое се регистрира со деловоден број и приемен штембил во деловодна книга.
Со цел квалитетно и навремено постапување по однос на доставените барања, потребно е барањето да ги содржи следните податоци:
-
Подносител – Име на лицето или назив на правниот субјект со ЕМБС и седиште
-
Назив на субјект (ЕМБС) или име на лице за кое се однесувала бараната услуга
-
Контакт телефон и е-маил адреса
-
Краток опис (образложение) зошто не е извршена услугата односно зошто се бара повратот
-
Трансакциска сметка на која треба да се вратат неискористени или погрешно уплатени средства
Образец за барање на поврат на средства ТУКА