Тарифа

Тарифа за висината на надоместокот за користење на услугите од Централниот регистар на Република Македонија.   Преземи

Почитувани корисници,

 

За услугите кои ги нуди Централниот регистар на РМ се наплаќа надоместок согласно со тарифа за чија примена постои согласност од Владата на Република Македонија.

Со оглед на тоа што услугите се наплаќаат врз основа на тарифа, Централниот регистар не издава фактури за извршените услуги.

Како доказ за извршена уплата Централниот регистар ги зема  предвид налозите ПП 10 од физички лица и ПП 30 од правни и физички лица и тие задолжително се доставуваат со барањето за информација или услуга. Извод од трансакциска сметка се смета за доказ само кај Буџетски корисници. Налозите ПП 10 и ПП 30 треба да бидат заверени во банка или ако е електронско плаќање мора да има повратен одговор дека плаќањето е реализирано. (Електронските уплати кај кои ќе стои испратен на реализација, примен и др. што не асоцира дека налогот е успешно реализиран задолжително ќе се проверуваат во сметководство на ЦР.)

- При пополнување на налогот со кој е извршено плаќањето задолжително во ЦЕЛ НА ДОЗНАКА да се наведат:

  •          бројот на тарифната ставка и видот на услугата (Пример: 49 - тековна состојба) и
  •          за кого се бара услугата (краток назив на фирмата за која се бара документот или услугата/име и презиме на физичко лице доколку се работи за документи за изречени прекршоци),
  •          во случај да се бараат повеќе информации на пр. 8 тековни состојби, се доставува список со бараните тековни и во ЦЕЛ НА ДОЗНАКА се пишува тековни состојби за ( се наведува првата фирма од списокот и + 7 по список)
  •          кога се уплаќаат повеќе документи за тендерска документација во ЦЕЛ НА ДОЗНАКА се пишува документи за тендер за (назив на фирмата)

-- Во случај на електронско плаќање по добивањето на одговор од банката дека е одобрено/реализирано плаќањето да се отпечати НАЛОГОТ ПП 30 на истиот да се стави потпис од управителот (налогодавачот) .

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.